Close Menu
Press OnlinePress Online
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ
Press OnlinePress Online

Венеција го ограничува бројот на лица во туристичките групи на максимум 25

Press OnlinePress Onlineјули 31, 2024 МАГАЗИН
Сподели
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

11

Венецијанските власти планираат од четврток да го ограничат бројот на лица во туристичките групи на максимум 25, во најновиот обид да го намалат влијанието на метежите врз начинот на живот во градот во лагуната.

Локалните власти ќе забранат и користење преносни звучници од туристичките водичи со цел „да се гарантира мирот на жителите на градот“ и да се овозможи послободно движење на пешаците.

Казни од 25 до 500 евра ќе бидат воведени за сите оние кои нема да ги почитуваат новите мерки кои првично требаше да стапат на сила на почетокот на јуни, а беа одложени за почетокот на август.

Најновите ограничувања ќе важат за центарот на Венеција и островите Мурано, Бурано и Торчело.

Во април, Венеција стана првиот град во светот кој воведе специјален систем за плаќање за влез во центарот на градот за надворешни посетители, како дел од експериментот чија цел е да ги одврати дневните патници да доаѓаат таму во време на туристичкиот шпиц.

Пилот-програмата, чија реализација будно ја следат и другите европски туристички дестинации, траеше само 29 дена. Заврши во јули, но го отвори патот за период на консултации по што ќе се одлучи како овој проект да продолжи во иднина.

Треба да се напомене дека во случај на туристички групи постојат бројни исклучоци од правилото. На пример: децата под две години не се бројат, а ограничувањата не важат за учениците и студентите кои пристигнуваат во Венеција на едукативна посета или се на студиско патување.

Поврзани содржини

Почина легендарниот актер Џорџ Вент

Семејството Пиг доби нов член

Скопјанецот Јон Ајди потпиша договор со американската издавачка куќа Nvak Collective!

Дневен хороскоп за 20 мај 2025 година

Свечено отворање на Деновите на поезијата во Скопје Сити Мол

Во битолскиот Музеј изложена монета на Александар Трети Македонски

Најнови вести

Само што ги усвои, ЕУ подготвува нов, 18-ти пакет санкции против Русија

мај 21, 2025

Бомба во Мадрид: Реал тргнува по Нико Вилијамс!

мај 21, 2025

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа барање од денеска (21 мај), до евентуалното постигнување договор, да бидат отстранети од понатамошно агрегирање на нивните содржини.

мај 21, 2025

Азири за напуштањето на Таравари: Не добивме конкретен одговор за оставката, остануваме во Владата

мај 21, 2025

Европската комисија предлага баратели на азил да може да бидат депортирани во трети земји

мај 21, 2025
СПОРТ

Бомба во Мадрид: Реал тргнува по Нико Вилијамс!

мај 21, 2025

Зиркзе тренира со Манчестер Јунајтед пред утрешното финале во Лигата на Европа

мај 21, 2025

И Мики Маус влегува во Формула 1

мај 21, 2025
© 2018 - 2025 Press Online. All Rights Reserved.
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.