Новинарот на телевизијата Ал Џезира, Исмаил Ал-Гул и снимателот Рами Ал-Рефи се убиени денеска во израелски воздушен напад во Појасот Газа, објави катарската телевизија.
Ал Ѓул и Ал Рефи беа убиени кога нивното возило беше погодено во бегалскиот камп Шати, западно од градот Газа.
Новинарите на Ал Џезира биле во близина на куќата на лидерот на палестинската организација Хамас Исмаил Ханије, кој беше убиен денеска во Техеран.
Според Комитетот за заштита на новинарите, од 7 октомври досега во Појасот Газа се убиени 111 медиумски работници.
Палестинските власти тврдат дека биле убиени 165 палестински новинари.