Тројца затвореници загинаа, а девет се повредени откако настана конфликт и тепачка во затворот во Невада, САД, соопштија официјалните лица.
Ниту еден чувар на е повреде, а официјалните лица не изнесоа детали како дошло до тепачка. Во тек е истрага за смртта на затворениците.
Државниот затвор ЕЛИ е еден од затворите со најголема безбедност во Невада, а во 2022 година имаше и штрајк со глад поради наводни лоши услови и несоодветни порции на храна.