Поранешниот американски претседател Доналд Трамп беше ранет на 13 јули на неговиот предизборен митинг во Пенсилванија, а веднаш потоа се појавија докази дека Тајната служба не си ја врши работата добро. Сега дојде дополнителен шок!
На митинг во Пенсилванија, Томас Крукс го застрела Трамп, повредувајќи му го увото. Веднаш потоа почнаа да се појавуваат докази за пропустите на Тајната служба, што резултираше со оставка на нејзината директорка, Кимберли Читл.
Сега на социјалните мрежи се шири видео на кое се гледа напаѓачот на Трамп, дојдените поддржувачи, но и членови на Тајната служба, додека тој трча на покривот од хангарот додека поранешниот американски претседател се обраќа на толпата.
🚨🚨🚨 INSANE NEW ANGLE OF TRUMP ASSASSINATION ATTEMPT RELEASED ⚠️
What do you notice? pic.twitter.com/4XbSJxfDbL
— Matt Wallace (@MattWallace888) July 31, 2024
Автентичноста на оваа снимка не е потврдена.