Два авиони полни со патници се судрија во понеделникот на аеродром во Бразил, а сега се појавија снимки на кои се гледа штетата нанесена на леталото.
Според медиумите, еден од авионите бил на пистата на аеродромот во Сао Паоло и чекал да полета, кога во него удрил авионот кој штотуку слетал од Рио де Жанеиро. Несреќата се случила околу 17 часот по локално време.
Од аеродромот соопштија дека до инцидентот дошло поради механичка грешка со опремата за туркање, која била прикачена на авионот кој се подготвувал за полетување.
Shocking moment two planes full of passengers collide at airport https://t.co/lPh7izY8kZ
— Marty Brunet (@Marty_0371) July 31, 2024
Имено, на авионот била прикачена кука за влечење, која требало да го повлече авионот од паркинг позиција до позицијата „такси“.
Авиокомпанијата изјавила дека крилото на авионот што слетал удрило во нивниот Боинг 737 кој требало да полета и дека има огромна дупка во авионот.
„Патниците се симнаа безбедно, што е секогаш наш приоритет и беа префрлени во друг авион за да го продолжат своето патување“, соопштија од авиокомпанијата.
Друга авиокомпанија исто така објави дека нивните патници се безбедно евакуирани.
„Нагласуваме дека авионот се сервисира и дека истрагата за несреќата е во тек“, додаде друга авиокомпанија.
Поради несреќата откажани се два лета.