Семејството на Фуад Шукра е информирано дека тој е убиен, велат извори.
Хезболах ќе објави изјава со која ќе ја потврди неговата смрт, јавува дописникот на Би-Би-Си.
Тој беше во зградата во Бејрут која синоќа беше бомбардирана од Израел, но неговата судбина до сега не беше позната бидејќи Хезболах не можеше да го најде неговото тело во урнатините.
Сепак, денеска е пронајдено телото во урнатините, изјавија денеска два неименувани безбедносни извори.
Израелската војска вчера објави дека го убила највисокиот командант на Хезболах, Шукр.
Израел го обвини Шукр за нападот изминатиот викенд во кој загинаа 12 деца и тинејџери на Голанската Висорамнина окупирана од Израел.
Израел вчера соопшти дека Шукр е убиен, веднаш откако ја презеде одговорноста за воздушниот напад.