Претседателскиот кандидат Доналд Трамп, изјави дека ќе поднесе оставка во случај да се влоши неговото здравје за време на претседателскиот мандат. Тој нагласи дека и натаму се наоѓа во одлична форма.
Трамп изјави дека минал два теста за конгнитивните способности, и најави дека секој кој се кандидира на оваа функција, треба да направи тест за способност. Тој предложи да се донесе закон со кој ќе се наложи претседателските кандидати да полагаа когнитивни тестови.
Тој ја покани американската потпретседателка Камала Харис заедно со него да полага когнитивен тест.