Американската полиција уапси жена во Вашингтон бидејќи му се заканувала на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и носела огнено оружје без дозвола, соопшти вашингтонската полиција.
Кристина Монтоја (41) од Сан Антонио, Тексас, е уапсена поради носење пиштол без дозвола, поседување нерегистрирано огнено оружје и закани кон поранешниот претседател.
Оваа жена отпатувала во Вашингтон од Тексас, се наведува во соопштението, додавајќи дека таа и нејзиниот автомобил биле пронајдени во станбена зона во североисточниот дел на градот.
- Таа е приведена синоќа. Заканите кон Трамп можеби почнале на 20 јули – додаде полицијата, пренесува CNN.
Потсетуваме дека на 13 јули вооружен маж се обиде да го убие Трамп за време на предизборен митинг во Батлер, Пенсилванија.