Најмалку 14 лица загинаа, а повеќе од 30 се повредени во нападот на бомбаши самоубијци во нападот на хотелот и плажата Лидо, во главниот град на Сомалија.
Се верува дека бројот на загинати дополнително ќе расте додека безбедносните сили продолжуваат да се борат со другите напаѓачи.
Спасувачките екипи не можеле да дојдат до повредените бидејќи пукањето продолжило, а освен пукањето се слушале и звуци од експлозии.
Според полициските извештаи, на престрелката и претходела експлозија од бомбаш самоубиец. Tерористичка група Ал Шабаб ја презеде одговорноста за нападот.
Оврупа контролира делови од Сомалија, но беше исфрлен од главниот град во последниве години. И покрај тоа, нападите продолжуваат да се случуваат врз владини институции и хотели и ресторани во Могадишу, за кои групата верува дека доминира западниот начин на живот.
Во јули 11 лица загинаа во терористички напад во ресторан за време на финалето на Европското фудбалско првенство.