Венецуелскиот претседател Николас Мадуро доби покана за следниот самит на БРИКС, што ќе се одржи во октомври во рускиот град Казан, соопшти венецуелскиот министер за надворешни работи Иван Гил.
„Претседателот Владимир Путин го поканува претседателот Мадуро да присуствува на самитот на лидерите на земјите од БРИКС плус“, напиша Гил на „Икс“.
Заедно со текстот го објави и писмото што Путин му го испрати на Мадуро.