Тимот на американскиот потпретседател Камала Харис се сретна со шест потенцијални кандидати за потпретседател, соопштија два извори блиски до кампањата, објави денеска NBC News.
Меѓу кандидатите се гувернерот на Пенсилванија Џош Шапиро, американскиот сенатор Марк Кели, гувернерот на Минесота, Тим Волц, гувернерот на Кентаки, Енди Бешеар, гувернерот на Илиноис, Џеј Би Прикер и секретарот за транспорт, Пит Бутиџиг, велат изворите.
– Тимот се сретна со Шапиро во средата – рекол изворот, додавајќи дека потпретседателот на САД не присуствувал на тој состанок.
Тимот се состана со сенаторот Кели во вторник попладне, а Прикер разговараше со тимот на Камала Харис три часа во понеделникот.
Се очекува Харис да одлучи кој ќе биде потпретседател до понеделник.
Нејзината кампања, исто така, планира да ја објави одлуката на социјалните мрежи, изјавија за Ројтерс извори запознаени со планирањето на изборот за потпретседател.