Американскиот републикански претседателски кандидат Доналд Трамп објави дека се договорил со Фокс њуз за ТВ дебата на 4 септември со Камала Харис, американски потпретседател и очекуваниот демократски кандидат за претседател на САД.
„Се договорив со Fox News да имам дебата со Камала Харис во среда, 4 септември“, напиша Трамп на својот Твитер профил.
Сè уште не е позната реакцијата на Камала Харис на тоа.
Синоќа Џејми Харисон, претседателот на Демократскиот национален комитет и изборниот штаб на Камала Харис објави дека американскиот потпретседател обезбедил доволен број делегатски гласови за кандидатурата на демократите на претстојните претседателски избори.
Делегатите гласаа онлајн за претседателскиот кандидат на партијата и гласањето се уште не е завршено.
Таа најави дека официјално ќе ја прифати номинацијата следната недела кога ќе заврши виртуелната декларација и со тоа ќе стане првата Афроамериканка и личност со азиско потекло што ќе се кандидира за претседателската трка.