5
Запленети се застрашувачки залихи на оружје наменети за улични банди во Велика Британија, откако полицијата разби банда за шверц на оружје.
Меѓу 25-те огнени оружја пронајдени во акцијата во Албанија се и пиштоли Глок и пушка Калашников.
Оружјето и стотиците парчиња муниција требало да бидат испратени до албанските банди во Обединето Кралство, кои се борат за територијата за дрога и проституција во Лондон.
Кога маскирани и вооружени службеници од албанската државна полиција во четвртокот упаднаа во објектот на периферијата на главниот град Тирана, тие пронајдоа оружје подготвено за транспорт.
Откако беше откриено складиштето со оружје претходно оваа недела и истрагата продолжи, албанската полиција, соработувајќи со Националната агенција за криминал на ОК (NCA), уапси пет лица.
Издадени се налози за апсење за уште тројца мажи поврзани со бандата, кои се уште се на слобода во ОК. Тројца Албанци на возраст од 21, 44 и 62 години беа обвинети за меѓународен шверц на оружје.
НЦА соработуваше со албанскиот специјален обвинител за борба против корупцијата и организираниот криминал. Нивната истрага беше фокусирана на областа зафатена со криминал Тропоја, на северот на Албанија.
Од крајот на 1990-тите, бандите од Тропоја станаа активни во албанските заедници во источниот и југоисточниот лондонски кварт Вулвич, Стратфорд и Баркинг.
Се стравува дека мафијашите вклучени во проституција, шверц на кокаин и фарми за канабис се повеќе се вооружуваат за да ги предупредат ривалите.
Ервин Карамуко, професор по криминологија на Државниот универзитет во Тирана, вели: „Криминалните групи во Албанија формираа арсенал на модерно оружје и додатоци за снабдување на своите соработници во ОК“.
„Оружјето се набавува во Турција и на нелегалниот пазар во Србија и може да го користи секој — вклучително и терористите“.
Акцијата уследи по операцијата спроведена минатата година во која истата криминална банда беше фатена како шверцува австриски пиштоли „Глок“ кои можат да испукаат 20 куршуми во секунда.
Шест пиштоли „Глок“, еден пиштол „Браунинг“ и еден пиштол „Хел-стар“ биле откриени скриени во маса во внатрешноста на комбето со британски регистарски таблички, заедно со повеќе од 200 парчиња муниција.
Службениците во албанското пристаниште Драч го пронашле оружјето со помош на скенер кој бил на пат кон адреса во Лутон – како што стои во документацијата.
Комбето, бел мерцедес регистриран во Британија, требало да патува со траект до италијанското пристаниште Анкона, кое е два дена возење од Велика Британија.