Италијанскиот пливач Томас Чекон е познат по тоа што често ги критикуваше организаторите на Олимписките игри во Париз. Чекон критикуваше дека нема клима (Париз се одлучи да не става клима уреди од еколошки причини), како и на храната.
„Многу спортисти се селат. Нема клима уреди, храната е катастрофа“, рече Чекон.
Сепак, тој се одлучи за подрастичен потег. Чекон во еден момент спиеше и на тревникот, сакајќи да покаже дека не е нишот добро во олимпиското село, па дури ни креветите направени од картон. Токму од тука тој се одлучи да дремне на тревникот.
Чекон е светски рекордер на 100 метри грбно и на 4Х100 метри слободно.