После повикот на македонското МНР кое нареди македонските државјани итно да го напуштат Либан, истото го сторија и Франција, Велика Британија и САД. Претходно тоа го стори и Германија.
„Уште еднаш ги повикуваме нашите граѓани да бидат крајно внимателни при патување, да избегнуваат секакви собири и да бидат информирани за актуелните настани и какви било пораки или инструкции од француската амбасада во Иран во наредните денови“, се наведува во објавата на француското МНР.
Франција и САД се претпазливи од воена ескалација меѓу Иран и неговите сојузници од една страна и Израел од друга страна, по атентатот на лидерот на палестинската група Хамас, Исмаил Ханије.