159
Хрватска полицајка со мотор прегазила српски камионџија додека чекал на ред да на граничниот премин Бајаково. Камионџијата загинал на лице место кога излегол од товарниот камион за да ги предаде документите, а полицајката со својот мотор со голема брзина долетала и директно удрила во несреќниот човек. Во сообраќајката со тешки телесни повреди се здобила и полицајката, а починала откако била примена во болница.
Истрагата за сообраќајната несреќа ја водеше заменик општинскиот државен правобранител од Винковци, со стручна асистенција на полициски службеници од полициската управа Вуковар-Срем и судски вештак за патен сообраќај и моторни возила, велат од полицијата, пренесе Индекс.
Делницата од автопатот А-3 меѓу клучките Бабина Греда и Жупања утринава до 07:00 часот беше затворена за секаков сообраќај, а до 08:05 часот сообраќајот беше ограничен на една коловозна лента.
На клучката Бабина Греда во правец кон Липовац, редицата е околу 5 километри, јавува ХАК.
Истрагата е завршена, но деталите за несреќата се уште не се соопштени. Возачите кои се нашле на оваа делница од автопатот ноќта ја поминале во колона.