Иран најверојатно ќе го нападне Израел во следните 24 часа. Ова им го соопштил американскиот државен секретар Ентони Блинкен на своите сојузници од Г-7.
Американскиот претседател Џо Бајден го свика Советот за безбедност откако разузнавачките служби оценија дека иранскиот напад врз Израел е неизбежен.
САД и сојузниците како Франција, Велика Британија и Италија, продолжуваат да прават напори за спречување на ескалација на тензиите.