110
Претседателката на Косово, Вјоса Османи престојува во Хрватска на покана на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ. Таму денес се одбележува годишнината од битката на хрватските војници против османлиската војска.
Пред Османи, хрватскиот претседател Косово го нарече пријателска земја. Тој понатаму заклучи дека Косово ја изгубило поддршката што ја имаше некогаш.
За разлика од Хрватска, за која хрватската претседателка вели дека имал тежок почеток, Косово имал добар почеток, но поддршката оттогаш исчезнала, објави index.hr.
„Почнавме тешко, бевме заштитени од малку добри луѓе и на почетокот немавме помош. Сите тие сојузници и пријатели стоеја со скрстени раце. Косово почна поинаку, со голема поддршка која во меѓувреме се изгуби и исчезна. И сега се препуштени сами на себе. Пет членки на ЕУ и НАТО не го признаа. Затоа таа (Османи) е денес овде како моја гостинка и затоа, покрај нашите прослави и денови на гордост и слава, ова е и почит и признание за нашата пријателска земја“, рече тој.