Постар маж е пронајден мртов на шпанска плажа. Тој починал откако извршил наводен ритуал на „црна магија“, пишува „Дејли мејл“.
Сопругата на починатиот се јавила на 911 околу пет часот наутро по локално време и пријавила дека го нашла својот сопруг на плажата Ла Фоска.
„Беше во несвест меѓу шест кокошки без глава“, рече таа.
Болничарите и полицијата пристигнале на местото на настанот, но не успеале да го оживеат. Полицијата се уште не ги добила резултатите од обдукцијата, но инцидентот не го третира како кривично дело. На телото на мажот немало траги на повреда.
Ниту сопругата на жртвата, ниту неговите ќерки нема да бидат обвинети за суровост кон животните или непристојно однесување, бидејќи тие „не биле активно вклучени“ во постапките на починатиот.