20
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска разговараше со германската амбасадорка Анке Конрад за развојот на настаните во Косово, барајќи „јасна и недвосмислена реакција од меѓународната заедница“.
Вучиќ на Инстаграм напиша дека со амбасадорот разговарал и за важни актуелни прашања, за зајакнување на билатералните односи и економската соработка, како и за постоечките и нови инвестиции и евроинтеграции.
„Разговаравме и за прашањата за енергетската безбедност и предизвиците на патот кон одржливи решенија, како и за развој на соодветна инфраструктура за поддршка на нашите амбициозни планови, кои долгорочно би ги решиле тешкотиите во енергетскиот сектор со максимална почит кон светските највисоки еколошки стандарди“, напиша тој.
Вучиќ додаде дека му се заблагодарил на амбасадорот за поддршката што Германија ја дава на европскиот пат, големите инвестиции и модернизацијата и интеграцијата на Србија на европскиот пазар.
Нагласив дека е поставена силна основа за одржлива и стабилна економска иднина на нашата земја, во која Германија ја гледаме како еден од клучните партнери“, се наведува во соопштението на претседателот на Србија.