9
Вицепремиерот на Република Србија и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ на денешната средба со сојузниот министер за внатрешни работи на Австрија Герхард Карнер изјави дека резултатот од заедничките активности, врз основа на официјалните податоци на Фронтекс, е намалување на илегалната миграција, особено на српскиот дел од западнобалканската рута за 72 отсто.
Во моментов спроведуваме трилатерална иницијатива со Австрија и Унгарија поврзана со управувањето со миграцијата, односно граничната контрола, а неодамна потпишавме договор со Фронтекс. Според ова, нивни полицајци се ангажирани на нашата граница со Северна Македонија, по 20 полицајци, со сопствени возила и техничка опрема за граничен надзор, рече Дачиќ.
Како што објасни резултат на заедничките активности, врз основа на официјалните податоци на Фронтекс, на Австрија и на Србија, е намалувањето на илегалната миграција, особено на западнобалканска рута.
-Според нашите податоци и податоците на Фронтекс, во првите шест месеци од годинава, споредено со истиот период лани, е забележан најголем пад на илегалните мигранти на западнобалканската рута – 72 отсто. Во првите шест месеци од минатата година како илегални преминувања или влезови биле регистрирани 54.014 лица, а во првите шест месеци од годинава 10.389. Се гледа дека е огромно намалување. Петте најзастапени земји според потекло на мигранти годинава се: Сирија 37 отсто, Авганистан 24 отсто, Турција осум отсто, Мароко седум отсто и Пакистан три отсто. Најголем број мигранти годинава влезени се од Бугарија- 46,84 отсто и од Северна Македонија -38,18 отсто. На ова ќе продолжиме со нашите активности и во наредниот период, како и во врска со усогласувањето на визниот режим со визниот режим на Европската унија, нагласи тој.
Австрискиот министер Карнер истакна дека соработката што беше воспоставена преку заеднички ангажман на српски и австриски полицајци на границата со Северна Македонија доведе до значајни резултати во борбата против нерегуларната миграција, особено имајќи предвид дека во првите седум месеци бројот на илегалните премини во Австрија се намалени на 470, наспроти 23.000 регистрирани во истиот период лани.
Австрискиот министер ја пофали и соработката воспоставена преку трилатералната иницијатива на Србија, Австрија и Унгарија и усогласувањето и измената на визниот режим меѓу Србија и Индија и Тунис, со што значително се намали бројот на баратели на азил во Австрија.