Едно лице загина синоќа при уривање на хотел во Германија, додека најмалку осум лица останаа затрупани во урнатините.
Утрово околу 8 часот пристигна добра вест – спасувачите успеале да извлечат дел од заробените меѓу кои и едно дете.
Несреќата се случила синоќа околу 23 часот, кога според полицијата се урнал еден кат. Во моментот на инцидентот во хотелот имало 14 лица, а пет успеале навреме да побегнат.
Набргу по првото спасување, дојде моментот што сите го чекаа – претходно затрупаното дете беше извлечено од урнатините. Момчето било завиткано во ќебе, а пожарникар го донел на безбедно.
После тоа надвор е изведена и една жена, но засега не се знае дали е мајката на момчето. По неа на безбедно е донесена пензионерка, додека спасувањето продолжува.
Спасувачката акција е пренесувана во живо.