9
Европската мисија за владеење на правото на Косово (ЕУЛЕКС) денеска соопшти дека внимателно ја следи безбедносната состојба на северот и дека, доколку е потребно, ќе ја поддржи косовската полиција во одржувањето на јавниот ред и мир и во случаи на немири.
„ЕУЛЕКС останува внимателен и во согласност со безбедносниот механизам на три нивоа за реагирање на Косово, подготвен е да ја поддржи косовската полиција доколку е потребно и неопходно да придонесе за одржување и подобрување на јавниот ред и безбедност во случаи на граѓански немири“. според одговорот на ЕУЛЕКС до РТВ 21 .
Таа мисија соопшти дека во согласност со својот мандат, продолжува внимателно да ја следи безбедносната состојба на Косово, пренесе Бета.
„Конкретно, со цел да се добие увид во ситуацијата, полициската единица на ЕУЛЕКС, која се состои од 105 полски полицајци, спроведува мобилни извидувачки патроли 24 часа на ден, вклучувајќи го – но не ограничувајќи се на – северот на Косово“, соопшти ЕУЛЕКС.
Тие додадоа дека безбедноста на сите заедници во Косово е нивен главен приоритет.
Во Косово за денеска е најавено отворање на мостот на Ибар, поради што можни се протести и во северниот и во јужниот дел на Митровица.