Пет лица загинаа кога хеликоптер се урна денеска во планините северно од главниот град на Непал, Катманду, соопшти полицијата.
Хеликоптерот полетал од меѓународниот аеродром во Катманду и се движел кон градот Сјапрубеша, пренесува АП.
Хеликоптерот и припаѓал на непалската хеликоптерска компанија „Air Daynasti“, а неколку минути по полетувањето изгубил контакт со контролата на летање.
Меѓу загинатите има четворица кинески државјани, додека пилотот е од Непал.
ФОТО: Архива