Романските власти уапсија двајца лекари осомничени дека се одговорни за смртта на пациент на кој му биле одбиени лекови, односно намалени дози на клучните лекови за крвен притисок.
Овие апсења беа извршени како дел од пошироката истрага за смртта на 17 лица, а приведена е и медицинска сестра која наводно лажела во сведочењето.
Вработен во клиничката болница за итни случаи „Свети Пантелејмон“ во Букурешт во април предупреди дека 17 лица починале на интензивна нега во текот на четири дена, откако персоналот им одбил лекови.
Министерството за здравство и лекарското здружение првично рекоа дека големиот број на смртни случаи е аномалија и дека не можат да најдат докази за лекарска вина.
Обвинителите отворија кривична истрага и денеска приведоа двајца лекари под сомнение дека убиле 54-годишен пациент, пренесува Ројтерс.
Двајцата лекари „замислиле и спровеле план за нагло намалување на дозата на норадреналин, клучен лек за одржување на крвниот притисок на одделот за интензивна нега, со цел да предизвикаат смрт на пациенти на кои им била потребна интензивна нега, но за кои обвинетите сметале дека треба да да не се одржува во живот“, се наведува во соопштението на обвинителот.
Романија троши најмалку за здравство во ЕУ, а во последните 30 години е изградена само една болница, додека емиграцијата на медицинскиот персонал е зголемена, наведува британската агенција.