Венецуелскиот опозициски кандидат Едмундо Гонзалес денеска нема да се појави пред Врховниот суд на правдата на сослушувањето поврзано со прегледот на изборните резултати што ги побара актуелниот претседател Николас Мадуро, објавиja oд неговата кампања.
Гонзалес е прв на листата со кандидати повикани од судот на сослушување, но во изјава објавена на социјалните мрежи ја доведе во прашање законитоста на постапката и изрази загриженост за неговата безбедност.
„Ќе ја загрозам не само мојата слобода, туку уште поважно, волјата на венецуелскиот народ изразена на 28 јули 2024 година и огромниот напор на Венецуелците кои учествуваа во овој процес за да можеме да добиеме валидни докази за гласањето“, рече тој. .
Се очекува последен да биде испрашуван Мадуро
АП вели дека сè уште не е познато дали Гонзалес би можел да се соочи со правни проблеми поради одбивањето да присуствува на сослушувањето, откако главниот судија на Врховниот суд Карислија Родригез во понеделникот предупреди дека тоа ќе резултира со правни последици.
Врховниот суд во понеделникот им нареди на Гонзалес, Мадуро и другите кандидати на претседателските избори на 28 јули да присуствуваат на сослушувањата што се очекува да траат до петок.
Претседателските избори во Венецуела се одржаа на 28 јули, а победата ја прогласија и Мадуро и опозицискиот кандидат Гонзалес, чија победа ја признаа САД.
Од објавувањето на официјалните резултати следниот ден, во земјата избија протести во кои загинаа неколку лица.