Close Menu
Press OnlinePress Online
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ
Press OnlinePress Online

Филипинецот кој доби два златни олимписки медала, ќе добие 16 милиони пезоси, стан, бесплатни колоноскопии и бројни други бенефиции

Press OnlinePress Onlineавгуст 8, 2024 СПОРТ
Сподели
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Филипинецот Карлос Јуло освои два златни медала во гимнастика за два дена. Неговиот подвиг е најголемата сензација во земјата деновиве, а внимание привлекоа и наградите коишто тој ги доби. 

Поради неговиот одличен успех, и Владата и повеќе филипински компании одлучија да го наградат.

„Нема зборови со коишто може да се опише колку сме горди на вас. Не еднаш, туку двапати освоивте злато за Филипините. А, Филипинците ширум светот се обединети, навиваат за вас“, напишаа претседателот Фердинанд Маркос Помладиот и првата дама на својот интернет-простор.

Филипинската влада ќе му додели на гимнастичарот 10 милиони филипински пезоси (околу 160.000 евра). Тоа е наградата што им е ветена на сите златни медалисти. А пак, Претставничкиот дом вети дополнителни шест милиони пезоси (околу 95.000 евра). Дури и медицинските клиники и универзитетите се вклучија во наградувањето. И Градот Манила најави големо добредојде.

– Ќе го имаме најголемиот пречек за него и за сите наши олимпијци. Кога ќе пристигне, на Јуло ќе му врачиме парични помошти, награди и признанија на вечна благодарност, рече градоначалникот Хани Лакуна.

Покрај тоа, една тамошна агенција за недвижности му даде опремен стан со три спални соби во најголемиот станбен комплекс во главниот град Манила. Тоа не е сѐ… Гастроентеролог му понудил на Јуло бесплатни консултации и колоноскопии доживотно, додека Универзитетот на Минданао му ветил бесплатно образование. Тој, исто така, доби доживотно бесплатни залихи од пилешко на скара и друга храна.

Поврзани содржини

Целосен ремонт во Манчестер Јунајтед: само еден играч не е на продажба ова лето

Реал Мадрид официјално се збогува со Анчелоти: „Благодарност и почит кон една од најголемите легенди на клубот“

Тоти: Конте и Алегри веќе имаат потпишано договори со други клубови

Алварез нова цел на Баерн Минхен

Бекер: На Новак ќе му биде тешко да најде тренер кого ќе го почитува

Фенербахче со победа над Панатинаикос во полуфиналето на Евролигата

Најнови вести

Лажен полицаец измамил 83-годишна жена за 17.300 евра, и рекол дека нејзината внука прегазила дете

мај 24, 2025

Напад со нож на железничката станица во Хамбург, 12 повредени

мај 24, 2025

Целосен ремонт во Манчестер Јунајтед: само еден играч не е на продажба ова лето

мај 24, 2025

Обвинителството поднесе жалба, бара ефективен притвор за поранешните директори на Онкологија

мај 24, 2025

Посебен сообраќаен режим утре во Скопје

мај 24, 2025
СПОРТ

Целосен ремонт во Манчестер Јунајтед: само еден играч не е на продажба ова лето

мај 24, 2025

Реал Мадрид официјално се збогува со Анчелоти: „Благодарност и почит кон една од најголемите легенди на клубот“

мај 24, 2025

Тоти: Конте и Алегри веќе имаат потпишано договори со други клубови

мај 24, 2025
© 2018 - 2025 Press Online. All Rights Reserved.
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.