18-годишен државјанин на Ирак е уапсен во Вивена во врска со истрагата за наводен планиран напад на концертот на Тејлор Свифт во Виена, соопшти министерството за внатрешни работи.
Се претпоставува дека државјанинот на Ирак има поврзаност како главниот осомничен, 19-годишен Австриец, со потекло од Македонија.
Главниот осомничен, кој ветил лојалност на Исламската држава, планирал смртоносен напад меѓу 20.000 навивачи кои требало да се соберат пред стадионот „Ернст Хапел“ во Виена.
Американската ѕвезда планираше концерти во Виена во четвртокот, петокот и саботата, но беа откажани од безбедносни причини.
Други двајца австриски момчиња на возраст од 17 и 15 години, беа приведени поради овој планиран напад.