19
Објавени се првите фотографии од принцезата Раџва која минатиот викенд роди девојче.
Раџва и нејзиниот сопруг, јорданскиот престолонаследник Хусеин, ја нарекоа својата ќерка Иман. Парот позирал со малото девојче пред болницата, а потоа го фотографирале принцот како ја држи Иман во раце, додека Раџва ги гледа со насмевка. Фотографиите се објавени на официјалниот Инстаграм профил на идниот јордански крал. „Нашата срдечна благодарност до посветениот персонал на Кралската медицинска служба за нивната исклучителна грижа за Раџва и Иман во изминатите неколку дена“, напиша тој во објавата.
Малечката го споделува своето име со нејзината тетка, ќерката на кралот и кралицата на Јордан, принцезата Иман. Со оглед на тоа што детето е женско, таа нема да биде вклучена во линијата за наследување на тронот, чиј наследник во моментов е нејзиниот татко. Според уставот на земјата, тронот се наследува според династијата на кралот Абдула Ибн Ал-Хусеин и минува низ машки пол.
Кралското семејство оваа пролет објави дека принцезата Раџва е бремена. Раѓањето на принцезата Иман се случи околу една година по свадбата на Хусеин и Раџва, на која присуствуваа гости од целиот свет, меѓу кои и принцот Вилијам и принцезата Кејт.
Двојката се запознала преку пријатели, напиша претходно Vogue Arabia. „Ја запознав Раџва преку еден стар пријател од училиште“, рече Хусеин на форумот организиран од Фондацијата на престолонаследникот кон крајот на април 2023 година.
„Се сметам за среќен затоа што не се среќаваш секој ден со некој како Раџва“, додаде тој.