Close Menu
Press OnlinePress Online
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ
Press OnlinePress Online

Израел бомбардираше училиште со раселени Палестинци, над 100 убиени и десетици повредени

Press OnlinePress Onlineавгуст 10, 2024 СВЕТ
Сподели
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Над 100 луѓе загинаа во израелски напад врз училиште во градот Газа, објавија палестинските медиуми. Според информациите, има десетици ранети. Во израелскиот напад, три израелски ракети го погодија училиштето во кое беа сместени раселени Палестинци.

Од друга страна, пак, израелската војска се правда дека нападнала командно-контролен центар на Хамас што бил во училиштето Ал-Табиин во населбата Дарај.
Исмаил Ал-Тавабта, генерален директор на владината канцеларија за медиуми во Газа, изјави дека голем дел од повредените се во тешка и критична состојба.

Во училиштето имало околу 250 жени и деца.

Специјалниот известувач назначен од ОН го обвини Израел дека извршил геноцид во конфликтот во Газа.

„Израел врши геноцид врз Палестинците – еднаш врз соседство, врз една болница, врз едно училиште, врз еден бегалски камп, врз една безбедна зона“, вели Франческа Албанесе.

Начинот на војување на Израел во Газа предизвика револт кај многу држави, вклучително и САД. Особено загрижени се Обединетите нации поради третманот на бегалците и раселените лица. Капак на се беше последната изјава на министерот за финансии Безалел Смотрич кој рече дека гладувањето на населението во Газа од повеќе од 2 милиони Палестинци може да биде праведно и морално сè додека заложниците кои ги зема Хамас на 7-ми октомври минатата година не бидат вратени дома.

„Гладувањето на цивилите како метод на војување е воено злосторство. Воено злосторство е и колективното казнување на палестинското население исто така е воено злосторство. Оваа директна и јавна изјава ризикува да поттикне други злосторства. Ваквите изјави, особено на јавните функционери, мора веднаш да се прекинат, да се истражат и доколку се утврди дека претставуваат кривично дело, мора да бидат кривично гонети и казнети“, изјави Џереми Лоренс.

Реагираше и Египет за последниот напад на Израел врз училиште. Министерството за надворешни работи во Каиро соопшти дека нападот покажува невидено непочитување на меѓународното право. Се наведува дека нападот бил продолжение на злосторствата од големи размери во кои биле убиени огромен број невооружени цивили.

Министерството истакна дека нападот е во време кога посредниците се обидуваат да постигнат прекин на огнот во Газа, додавајќи дека ова е јасен доказ дека нема волја од израелската страна да се прекине војната во Појасот Газа.

Поврзани содржини

Планот на Трамп за забрана за странски студенти е привремено блокиран

Пакистан ја продолжи забраната за летови на Индија над своја територија

Снимен звукот на имплозијата на подморницата Титан

Двајца познати музичари се меѓу загинатите во авионот кој се урна во Сан Диего

Вооружен судир и филмска потера во Амстердам, специјалните сили на нозе

Голем инцидент во Јужна Африка, речиси 300 рудари заробени во рудник за злато

Најнови вести

Обвинителството поднесе жалба, бара ефективен притвор за поранешните директори на Онкологија

мај 24, 2025

Посебен сообраќаен режим утре во Скопје

мај 24, 2025

Планот на Трамп за забрана за странски студенти е привремено блокиран

мај 24, 2025

Реал Мадрид официјално се збогува со Анчелоти: „Благодарност и почит кон една од најголемите легенди на клубот“

мај 24, 2025

Честитка од Сиљановска-Давкова по повод Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј

мај 24, 2025
СПОРТ

Реал Мадрид официјално се збогува со Анчелоти: „Благодарност и почит кон една од најголемите легенди на клубот“

мај 24, 2025

Тоти: Конте и Алегри веќе имаат потпишано договори со други клубови

мај 24, 2025

Алварез нова цел на Баерн Минхен

мај 24, 2025
© 2018 - 2025 Press Online. All Rights Reserved.
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.