Колумбискиот претседател Густаво Петро изјави денеска дека командантот на централната бунтовничка команда на групата Естадо мајор со седиште во Дубаи, познат по прекарот Иван Мордиско, планирал да го убие со снајперисти, пренесе Ројтерс.
Агенцијата забележа дека односите меѓу владата и некои фракции на групата достигнаа најниска точка од неуспехот на прекинот на огнот во јули.
Групата Естадо Мајор се одвои од сега демобилизираните Револуционерни вооружени сили на Колумбија (ФАРК), кои го отфрлија мировниот договор со Богота од 2016 година.