10
Бугарската полиција заплени 436 килограми хероин во црноморското пристаниште Бургас, соопшти денеска локалното обвинителство. Хероинот бил скриен во 434 пакувања сокриени во официјално деклариран товар во приколка која пристигнала на крајот на јули по копнен пат од Киргистан до грузиското црноморско пристаниште Батуми, од каде се префрлил во Бургас. Вредноста на дрогата се проценува на 35 милиони евра.
Од Бугарија требало да продолжи за Грција.
Приколката, која наводно превезувала машини за поставување кабли, предизвикала сомнеж поради невообичаено долгиот престој на пристаништето, изјави на новинарите началникот на единицата за борба против наркотици Иван Соколов, додавајќи дека при рендгенски преглед е пронајден скриениот хероин.
Шверцот на дрога во Бугарија се казнува со затвор до 20 години.