16
Стриминг сервисот Disney+ го објави официјалниот трејлер за новата серија сместена во светот на Star Wars, а првите реакции од фановите се позитивни.
Научно-фантастичната серија Star Wars: Skeleton Crew ја создадоа Кристофер Форд и Џон Вотс, режисерот на филмовите за Spiderman на Марвел.
Извршни продуценти на серијата се Џон Фавро и Дејв Филони, кои работеа на хит серијата Mandalorian.
Новата серија се одвива по филмот „Војна на ѕвездите VI: Враќање на џедаите“ од 1983 година. Приказната следи четири деца кои случајно откриваат напуштен вселенски брод на нивната планета. Откако ќе се изгубат во вселената, децата се впуштаат во животна авантура, за време на која се запознаваат со мистериозниот Јода На Навуд (Џад Ло), странец кој може да ја контролира Силата, но има скриени агенди.
Заедно со Ло, Рави Кабот-Кониерс, Киријана Кратер, Роберт Тимоти Смит и Рајан Кира Армстронг ги играат главните улоги, а Тунде Адебимпе, Кери Кондон и Ник Фрост ги играат споредните улоги.