Close Menu
Press OnlinePress Online
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ
Press OnlinePress Online

Колефски: Денеска е одлучувачки ден за ставање под контрола на пожарот во Националниот парк „Преспа”

Press OnlinePress Onlineавгуст 13, 2024 РЕГИОН
Сподели
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

10

Пожарот на Сува планина во Националниот парк „Преспа” во општина Пустец, Мала Преспа, иако со помал интензитет, продолжува да беснее.

Градоначалникот на Пустец, Пали Колефски кој заедно со префектот на Корча,  Нертил Јоле беа во Горица, рече  дека денешниот ден „ќе биде најодлучувачки, како што предвидуваат специјалците од заштитените подрачја и противпожарната служба”.

– Околу 80 припадници на противпожарните единици  од повеќе општини од округот , армијата и волонтери од Горна Горица се вклучени во гаснењето.  Денеска ќе биде најодлучувачкиот ден, како што предвидуваат специјалистите за заштитени подрачја и пожарникарите, изјави Колефски.

Според него, во овие моменти, интензитетот на пламените јазици е намален како резултат на интензивната работа на сите ангажирани,  кои работеле и во текот на ноќта.

 

-Според добиените информации   под контрола се ставени околу 5-6 километри, линеарна линија.  Комунициравме и со Националната агенција за цивилна заштита на Албанија, со македонската страна и со другите партнери кои ја изразија својата подготвеност да помогнат. Се надеваме дека нема да биде потребно и на крајот пожарот ќе го ставиме под контрола, рече Колефски.

Префектот Јоле рече дека во секој случај, се во континуирана комуникација со властите, Министерството за одбрана, особено со министерот, со Дирекцијата на Националната агенција за цивилна заштита.

– Се надеваме  дека нема да има потреба од ангажирање на европскиот механизам за воздушна интервенција. Но, доколку има таква потреба, ќе добиеме поддршка и гаранции да ја обезбедиме оваа услуга со цел да се заштити една од најбогатите шумски области на нашиот регион и на цела Албанија,  рече Јоле.

Пожарот во НП „Преспа” беснее седми ден а зафатената површина надминува 200 хектари.

Поврзани содржини

Претседателот предложи, но бугарскиот парламент го отфрли референдумот за еврото

Еди Рама освои 52% од гласовите

Несреќа на градилиште во Истанбул, двајца работници заробени под урнатините

Бугарија наскоро на референдум – ќе одлучува дали ќе го прифати еврото

Победи партијата на Еди Рама

Излезноста на изборите во Албанија e нешто повеќе од 41 проценти

Најнови вести

Мицкоски нема да го испие „завршното“ кафе со Таравари

мај 14, 2025

Надал ги победи Алонсо и Јамал и стана најомилениот спортист во Шпанија

мај 14, 2025

Македонија прва во регионот со потпишан договор за предфинансирање во рамки на Планот за раст

мај 14, 2025

Подготовката за финалето на Лигата на Европа не може да биде изговор за поразот од Вест Хем, изјави капитенот на Манчестер Јунајтед

мај 14, 2025

Местенки при избор на специјализанти? – СДСМ со обвинувања до штипскиот градоначалник дека се вработуваат сопруги, ќерки и браќа на истакнати ВМРО-вци во Клиничката болница

мај 14, 2025
СПОРТ

Надал ги победи Алонсо и Јамал и стана најомилениот спортист во Шпанија

мај 14, 2025

Подготовката за финалето на Лигата на Европа не може да биде изговор за поразот од Вест Хем, изјави капитенот на Манчестер Јунајтед

мај 14, 2025

Сопственикот на Нотингем Форест објасни зошто го нападнал тренерот

мај 14, 2025
© 2018 - 2025 Press Online. All Rights Reserved.
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.