Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека армијата на неговата земја ставила под контрола 74 локалитети на територијата на Русија во пограничниот регион Курск.
Значајни делови од Украина беа окупирани од Русија во 2022 година, а потоа илегално анектирани и се обидува да освои повеќе украински територии.
Меѓутоа, Украина пред една недела ненадејно ги нападна пограничните области на Русија со својата војска, па десетици илјади цивили мораа да побегнат. Киев вчера за прв пат призна дека неговите војници се во Русија и дека држат околу 1.000 квадратни километри од територијата на таа земја.
„И покрај тешките и интензивни борби, напредувањето на нашите сили во регионот Курск продолжува, 74 локалитети се под контрола на Украина“, напиша Зеленски на Телеграм.