13
Актерката Хали Бери скршила десет коски за време на нејзината кариера.
Во видео за „Нетфликс“, снимено за да ја промовира нејзината претстојна шпионска комедија „The Union“, добитничката на Оскар и нејзиниот колега Марк Волберг наведоа некои од повредите што ги добиле додека снимале акциони филмови.
Така, Бери откри дека во многу наврати била повредена.
„Три пати ме нокаутираа. Ја скршив раката, двапати ги скршив ребрата – еднаш две ребра, другиот пат три ребра. Ја скршив опашката, два прста на ногата и еден прст – овој прст”, низ смеа додава Хали покажувајќи го средниот прст.
Како одговор, Марк изјавил дека претходно имал скинат менискус, изместено рамо, како и „постојано помодрено его“.
Хали сподели и за некои застрашувачки сцени што ги изведе, вклучувајќи го задржувањето на здивот под вода додека го снимаше филмот „Dark Tide“ од 2012 година.
„Играв нуркач. Морав да го задржам здивот речиси две и пол минути. Се чинеше како цела вечност. Чувствував дека смртта е неизбежна”, се сеќава 57-годишната актерка.
А играњето на Сторм во филмовите „X-Men“ значеше дека таа „долго време виси на жица“.
„Всушност, ми се чинеше дека момчето отиде на ручек. Бев таму горе толку долго и мислев: „Ало? Ало, има ли некој таму?“ се пошегува таа.
Иако Хали претрпе многу повреди од глумата, драго и е што научила некои боречки вештини.
Научив џиу-џицу, малку кикбокс, теквондо и научив да пукам“, изјави актерката.