11
Пејачката Џенифер Лопез беше фотографирана со 12-годишниот Семјуел, син на Бен Афлек. Таа го однела Семјуел на шопинг во „Neiman Marcus“ во Беверли Хилс. И двајцата заминаа со неколку торби од продавницата.
Неодамна беше откриено дека и ќерката на Афлек, Вајолет, е во добри односи со Лопез. Имено, Џенифер и дозволила да користи луксузна облека од нејзината гардероба. Така, минатата недела, Вајолет прошета по улиците на Лос Анџелес во фустан на Dolce & Gabanna што Лопез го носеше за Денот на вљубените во 2023 година за време на романтичен состанок со Афлек, пишува „Дејли мејл“.
Пред неколку дена, заеднички пријател на Џенифер Лопез и Бен Афлек откри за Page Six дека може да се очекува парот официјално да објави дека се разделува до крајот на летото. Тој објасни дека славната двојка успешно ги договорила условите за разделба и дека, според него, биле сигурни во својата одлука.
Нивниот близок пријател изјавил дека откако раскинале во 2004 година, постојано се прашувале „што ако“ и биле понесени од носталгија и сомнежи, поради што решиле да се венчаат во 2022 година.
„Тоа беше моментот кога решија да се обидат… Џенифер навистина ја сакаше таа свадба – фустаните, пријателите, украсите, таа го сакаше тоа со години“, рече изворот, додавајќи: „Тие сфатија дека не функционираат на долг рок и, еве, готово е“.