25-годишен Швеѓанец беше обвинет дека со себе имал две рачни бомби и дека сакал да ги активира некаде во Копенхаген.
Швеѓанецот е уапсен синоќа во Акандевеј, до Тингбјерг на периферијата на Копенхаген, соопшти копенхашката полиција на платформата Икс (Твитер), пренесе данскиот јавен сервис ДР.
На судското рочиште 25-годишниот маж не сакаше да се изјасни за обвинителниот акт.
Овој случај е уште еден во низата во која Швеѓани се вмешани во злосторства во Данска.