Касарната во Келн, Германија од утрово е под блокада. Полицијата, воената полиција и воената контраразузнавачка служба на Бундесверот истражуваат сомнителен чин на саботажа против армијата, пренесува Spiegel.
Се шпекулира дека некој провалил во касарната и ја загадил водата. Во внатрешната комуникација, војниците и цивилните сили беа итно повикани да не земаат вода за пиење во никој случај. Во таа касарна засега не е дозволен влез на други војници.
ЗДФ пишува дека на оградата била пронајдена дупка и дека за потребите на истрагата биле земени примероци од вода.
Околу 4.300 војници и 1.200 цивилни вработени работат во касарната, која има сопствен водовод.
Од персоналот кој сè уште е во касарната беше побарано да внимава на „непознати лица на повидок“ и да пријави „секое сомнително однесување“. Шпигел пишува дека тоа укажува дека властите ја пребаруваат областа за можни сторители на саботажа. Касарната ќе остане затворена.