Close Menu
Press OnlinePress Online
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ
Press OnlinePress Online

Сараевскиот ќебап заштитен како автохтон производ и бренд

Press OnlinePress Onlineавгуст 14, 2024 РЕГИОН
Сподели
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

34

Сараевскиот ќебап официјално е заштитен како автохтон бренд и посебен производ на Босна и Херцеговина. Ова го потврди градоначалничката на Сараево, Бенијамина Кариќ, на прес-конференција во градското собрание, најавувајќи дека наскоро ќе следи и заштита на сараевскиот сомун.

-Пред две години започнавме процес на заштита на ќебапот. Ќе продолжиме да работиме на заштита на автохтони домашни производи. Тој сега е заштитен како бренд и како посебен традиционален производ на БиХ, нагласи Кариќ.

Таа додаде дека после заштитата на ќебапите како бренд, следи и заштитата на ќебапите во ЕУ. – Можеме да објавиме дека по заштитата на ќебапите, ќе тргнеме во акција за заштита на сараевскиот сомун“, посочи Кариќ.

Според неа, Сараево се гордее со својата историја, олимпискиот дух, а секогаш е важна гастрономската понуда која привлекува голем број туристи.
– Ако сте дошле во Сараево и не сте пробале ќебапи, не можете да го напуштите градот, додаде Кариќ, повикувајќи ги граѓаните вечер на дегустација на 3.000 ќебапи пред џамијата во Башчаршија.

Директорот на Агенцијата за безбедност на храна, Џемил Хајриќ, изјави дека денеска се одбележува „круна на напорите“ кои започнале пред неколку години и се однесуваат на усогласувањето на законодавството на БиХ со ЕУ.

-Процесот резултираше со тоа што Советот на министри на БиХ усвои правна рамка, која овозможи силно да се започне со обележување на географското потекло и традиционалниот углед на храната. Сараевскиот ќебап е осмиот производ кој ја помина процедурата и веројатно е еден од најзначајните, посочи Хајриќ.

Поврзани содржини

Грција мобилизираше рекорден број на пожарникари и ја зголеми флотата на дронови во заштита од пожари

Серија на земјотреси во текот на ноќта во Хрватска

Албанија отвора уште еден кластер во преговорите за пристапување

Грција утрово ја погоди силен земјотрес

Осудени родителите на ученикот кој изврши масовно убиство во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград

Патнички авион морал итно да слета

Најнови вести

Лажен полицаец измамил 83-годишна жена за 17.300 евра, и рекол дека нејзината внука прегазила дете

мај 24, 2025

Напад со нож на железничката станица во Хамбург, 12 повредени

мај 24, 2025

Целосен ремонт во Манчестер Јунајтед: само еден играч не е на продажба ова лето

мај 24, 2025

Обвинителството поднесе жалба, бара ефективен притвор за поранешните директори на Онкологија

мај 24, 2025

Посебен сообраќаен режим утре во Скопје

мај 24, 2025
СПОРТ

Целосен ремонт во Манчестер Јунајтед: само еден играч не е на продажба ова лето

мај 24, 2025

Реал Мадрид официјално се збогува со Анчелоти: „Благодарност и почит кон една од најголемите легенди на клубот“

мај 24, 2025

Тоти: Конте и Алегри веќе имаат потпишано договори со други клубови

мај 24, 2025
© 2018 - 2025 Press Online. All Rights Reserved.
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.