Литванските власти уапсија возач од Узбекистан затоа што се обидел да увезе три луксузни теренци натоварени во камион.
Узбекистанецот изјавил дека со камионот превезувал 720 килограми тоалетна хартија, пренесува литвански ЛНК.


Цариниците извршиле преглед на камионот, при што забележале нешто необично.
Позади биле натрупани кутии со тоалетна хартија, но зад нив се криеле луксузни автомобили.


Според царинските службеници, возачот бил многу изненаден и тврдел дека не знаел ништо за тоа. Полицијата поведе предистражна постапка.
Доколку биде прогласен за виновен, осомничениот може да се соочи со затворска казна до осум години.