93
Вистинска драма се одвивала синоќа (16.08.) во бар на плажа на Халкидики, при што имало пукање тепачка со ножеви. Три лица се повредени, од кои едно потешко. Родителите и децата бегаат од кафеана за живот, пишува грчката „ProtoThema“.
До пукањето дошло по вербална пресметка. Според информациите, во инцидентот учествувале бугарски државјани. Се наведува дека група Бугари го повредиле сопственикот на кафеаната и уште еден бугарски државјанин. (Во коментар под објавата на грчките медиуми се наведува дека сопственикот на објектот е исто така Бугарин), пренесува Бугарски Фокус.
Едниот од учесниците во расправијата бил застрелан во градниот кош, а другиот имал прострелна рана во раката, а двајцата итно се пренесени во болница.
По доаѓањето на местото на настанот, полициските службеници увиделе дека осомничените за инцидентот со себе имаат ножеви и палки.
Полицијата уапси петмина бугарски државјани.
„Имаше извици, лелекања и врисоци. Луѓето трчаа во паника, сите излегуваа од локалот. Се фрлаа ножеви, се слушаа истрели. Децата бегаа со родителите, владееше општа паника”, рекла жена која била сведок на напад.