Силен земјотрес вечерва на територијата на Русија. Земјотресот бил со јачина од 7,1 степен според Европската сеизмолошка скала.
Земјотресот се случил во близина на Камчатка, а најблиску погоден град беше Петропавлоск со 91 километар оддалеченост од епицентарот. Овој град има 187.000 жители.
Најпрво е издадено предупредување за цунами од страна на сеизмолошките обсерватории на Јапонија и на САД, но и натаму е непознато дали ќе остане на сила или ќе биде повлечено.

