18
По неколку години врска или брак, паровите се чувствуваат како веќе да знаат сè еден за друг, а новините и возбудата во нивната врска често се губат, вели терапевтот за парови, Асаел Романели.
„Тоа може да доведе до досада, стагнација или мешање со други надвор од врската“, изјави таа за YourTango.
За среќа, истакнува, постои едноставна фраза од три збора која може повторно да ја разгори искрата меѓу партнерите.
„Кажи ми повеќе“, се трите охрабрувачки зборови кои често ги кажуваат паровите кои сакаат да останат во брак“, вели терапевтот.
Еве зошто:
* Рамномерно го распределува времето за разговор помеѓу партнерите, што е важно ако едниот партнер е повеќе зборлест или поекстровертен.
* Покажува активно слушање и поттикнува интерес кај партнерот.
* Помага да се спречи повлекувањето и поттикнува поотворен дијалог.
* Поттикнува раст преку повратни информации кои откриваат нови перспективи и помагаат во личниот развој.
* Ја зголемува возбудата и интересот со откривање на нови аспекти во животот на партнерот, што ја зајакнува врската.
* Го намалува гневот и ги олеснува расправиите, го успорува дијалогот и овозможува подобра врска со партнерот.
Романели откри и кога треба да ја користиме оваа фраза:
* Кога се браниме и не им дозволуваме на нашите партнери да си ја завршат реченицата.
* Кога сме 100 проценти сигурни дека точно знаеме што мислат или чувствуваат нашите партнери.
* Кога разговорот е досаден.
* Кога чувствуваме дека нашите партнери се многу возбудени, емотивни или ранливи.
* Кога чувствуваме дека нашите партнери ги задржуваат своите мисли или се чувствуваат замолчени.
* Кога ќе забележиме дека го преземаме разговорот или зафаќаме премногу простор во дијалогот.
* Кога нашите партнери не изненадат со приказна или искуство што никогаш не сме го слушнале.
„Можеби мислите дека три збора не можат да ја променат динамиката на врската, и во право сте. Но, оваа едноставна фраза е важен прв чекор во запознавањето на вашиот партнер за да можете смело да чекорите напред на следното ниво на вашата врска“, заклучи терапевтот.