Close Menu
Press OnlinePress Online
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ
Press OnlinePress Online

Во понеделник Бајден ќе го предаде раководството на партијата на Камала Харис

Press OnlinePress Onlineавгуст 18, 2024 СВЕТ
Сподели
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Американскиот претседател Џозеф Бајден ќе го одржи главниот говор на Демократската национална конвенција во Чикаго во понеделник, кога симболично ќе го предаде раководството на партијата на потпретседателката и демократска претседателска кандидатка Камала Харис.

Во својот говор, Бајден ќе инсистира дека тоа ќе претставува закана за демократијата во САД доколку поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп се врати во Белата куќа, изјавија помошниците на Бајден, пренесува АП.

Помошниците очекуваат говорниците на конвенцијата да се осврнат на достигнувањата на Бајден за време на неговото претседателствување, вклучително и мерките спроведени за време на пандемијата, до големите инфраструктурни инвестиции и реформите во здравствената заштита.

Најавено е дека првата дама на САД Џил Бајден и други членови на семејството Бајден ќе бидат присутни на Демократската национална конвенција во Чикаго.

Бајден беше пречекан со извици „Благодарам Џо!“ кога во четвртокот се појави со Харис во Мериленд на митинг каде што се појавија заедно за прв пат откако тој се повлече од кампањата за реизбор. На тој состанок тие презентираа договор за намалување на цените на 10 најчесто користени лекови во САД, јавува Ал Џезира Балканс.

Бајден се повлече од кампањата за реизбор на 21 јули по притисокот од Демократската партија да го стори тоа, кога го поддржа Харис да биде демократски кандидат за претседател.

Поврзани содржини

Санкционирана мрежа за шверц на нафта која обезбедува милијарди за иранската војска

Рубио доаѓа во Истанбул

Почина поранешниот уругвајски претседател Хозе Мухика

Трамп ги укина сите санкции за Сирија

Русија ја подготвува делегацијата за преговори со Украина во Турција, Трамп и натаму без официјална одлука за учество

Трамп пречекан како крал во Саудиска Арабија

Најнови вести

Мицкоски нема да го испие „завршното“ кафе со Таравари

мај 14, 2025

Надал ги победи Алонсо и Јамал и стана најомилениот спортист во Шпанија

мај 14, 2025

Македонија прва во регионот со потпишан договор за предфинансирање во рамки на Планот за раст

мај 14, 2025

Подготовката за финалето на Лигата на Европа не може да биде изговор за поразот од Вест Хем, изјави капитенот на Манчестер Јунајтед

мај 14, 2025

Местенки при избор на специјализанти? – СДСМ со обвинувања до штипскиот градоначалник дека се вработуваат сопруги, ќерки и браќа на истакнати ВМРО-вци во Клиничката болница

мај 14, 2025
СПОРТ

Надал ги победи Алонсо и Јамал и стана најомилениот спортист во Шпанија

мај 14, 2025

Подготовката за финалето на Лигата на Европа не може да биде изговор за поразот од Вест Хем, изјави капитенот на Манчестер Јунајтед

мај 14, 2025

Сопственикот на Нотингем Форест објасни зошто го нападнал тренерот

мај 14, 2025
© 2018 - 2025 Press Online. All Rights Reserved.
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.