Десетгодишно девојче открило отпечатоци од диносаурус на плажа во Јужен Велс, Велика Британија, објави синоќа Би-би-си.
Девојката Теган открила пет огромни отпечатоци за кои експертите за диносауруси веруваат дека припаѓаат на родот диносауруси од доцниот тријас или раниот јура – камелотија, кои живееле во областа пред повеќе од 200 милиони години.
Малото девојче ги открило отпечатоците додека шетала на плажа со мајка си за време на летниот одмор.
Палеонтолозите веруваат дека стапалките припаѓаат на огромен тревојадец од доцниот тријасски период и прават напори да го докажат тоа. Кустосот за палеонтологија во Националниот музеј на Велс, Синди Хауелс, рече дека е „прилично сигурна дека ова се отпечатоци од диносауруси“.