Обилните дождови ги зафатија австриските алпски региони и оставија делови од Виена под вода за време на викендот, предизвикувајќи голема штета во делови од земјата и прекинувајќи го патниот и железничкиот сообраќај, соопштија властите и локалните медиуми.
Поплави од матна вода носеа автомобили низ скијалиштето Антон во западна Австрија, според снимките на социјалните мрежи.
#BREAKING #Austria Heavy floods in Sankt Anton am Arlberg, Austria. pic.twitter.com/30EMjT9ihd
— The National Independent (@NationalIndNews) August 17, 2024
Во меѓувреме, рекордни количини на врнежи погодија делови од Виена на истокот од земјата, објави државната телевизија ОРФ. Една жена беше повлечена под автобус од силината на поплавата во областа Доблинг на северот од градот во саботата, објави ОРФ. Таа е пренесена во болница и е во критична состојба, се додава.
Пожарникарите во главниот град вчера беа повикани да интервенираат повеќе од 450 пати бидејќи врнежите предизвикаа сообраќаен хаос и го прекинаа железничкиот сообраќај, соопшти ОРФ.
„Силните бури предизвикаа многу штети во многу делови на Австрија“, објави на X австрискиот канцелар Карл Нехамер, заблагодарувајќи им се на официјалните лица кои работат на отстранување на штетите.
Во виенската област Доблинг, официјалните лица забележаа 110 литри дожд на метар квадратен, што метеорологот Кевин Хебенстрајт го прогласи за рекорд за август во тој град. Голем дел од просечниот летен дожд во Виена падна за само еден час во саботата, соопшти метеоролошката компанија УБИМЕТ.
Again Vienna and the liberals are ready to cut social welfare so heat and floods will hit the poor hard. pic.twitter.com/P3tKP9cRWu
— Thomas Reis (@peakaustria) August 18, 2024
Во просек, во август паѓаат вкупно 68 литри дожд на квадратен метар, а рекордот на сите времиња бил на 15 мај 1885 година, кога наврнале 139 литри, пренесува ORF.