20
Прославениот француски актер Ален Делон почина денеска на 88-годишна возраст на својот имот во Диши во централна Франција.
„Почина големиот ѕвер која истовремено фасцинираше и делеше: кино икона, францускиот актер Ален Делон, почина на 88-годишна возраст“, објавија неговите три деца во заедничката изјава за АФП.
Ален Делон доживеа мозочен удар во 2019 година, а потоа се разболе од рак.
Својот прв филм „Роко и неговите браќа“ го сними во 1957 година, а за време на плодната кариера се појави во повеќе од 100 филмови, од кои најпознати се „Господарка на играта“, „Гепард“, „Мелодии од подрумот“, „Самурај“, „Затемнување“ и „Непобедено“.
Неговите актерски способности го направија препознатлив и уникатен филмски лик кој се прослави во делата на големите режисери.
Добитник е на бројни француски и меѓународни филмски награди и признанија, а во 2005 година ја доби и највисоката француска награда Легија на честа.