Истарската полиција поднесе кривична пријава против 74-годишен словенечки државјанин кој е фатен во Ровињ, Хрватска како снима голи деца со својот мобилен телефон, за што е обвинет за кривично дело искористување деца за порнографија, извести денес истарската полиција.
Како што наведуваат во извештајот, тие во петокот околу 19 часот и 45 минути ја заокружиле кривичната истрага за маж кој во туристички објект или камп во Ровињ го фатиле како снима голи деца и го задржале до доаѓањето на полицијата.
По наредба на надлежен суд, полицијата извршила претрес на мобилниот телефон и возилото што ги користел пријавениот и нашла инкриминирачки материјал.
Словенецот во саботата вечерта со кривична пријава е предаден на притворската единица на истарската полиција. Инаку, за експлоатација на деца за порнографија, законот предвидува затворска казна од една до десет години, па дури и 12 години доколку делото е сторено со сила или закана со измама.