Градски автобус попладнево удри во лондонскиот театар Палас, каде се наоѓа продукцијата на Вест Енд на „Хари Потер и проколнатото дете“, се вели во извештајот објавен на британскиот информативен сајт Метро.
Полицијата го затвори местото на несреќата во авенијата Шафтсбери, во близина на Лестер Сквер, како можно место на злосторство и продолжи да истражува до попладневните часови.
Инцидентот се случил околу 13 часот по локално време во Лондон.
“Полицајците открија дека автобусот удрил во тротоарот, а потоа удрил во зграда. Во овој инцидент нема повредени. Местото на несреќата се уште се третира како можно место на злосторство додека трае истрагата”, соопшти полицијата.